5 невообичаени последици од корона вирусот: Веројатно никогаш не сте чуле за некои од нив!

25 јануари, 2021
коко

Кашлица, треска и губење на чувството за мирис и вкус се само некои од симптомите што укажуваат на инфекција со вирус на корона. Но, секоја петта личност која е позитивно тестирана за корона, нема ниту еден од овие симптоми, предупредуваат британските експерти.

Тие веруваат дека инфекцијата може да се манифестира и на други начини – од осип на кожата до специфично губење на концентрацијата позната како „мозочна магла“. Најновиот симптом е т.н. ковиден јазик – релјефни промени во јазикот, забележани кај голем број пациенти со ковид во Велика Британија.

Професорот Тим ​​Спектор, епидемиолог од Кралскиот колеџ во Лондон, работи со колегите за да соберат информации оставени од корисниците на студијата за симптоми на Ковид.

Според него, досега се пријавени 10 симптоми кои можат да укажуваат на инфекција со вирус на корона, а кои не се јавуваат толку често.

  1. „Ковидски јазик“

Луѓето се жалат на рани во устата и болен јазик покриен со наслаги. Оваа промена може да трае од неколку дена до дури неколку месеци – вели професорот Спектор.

Релјефната структура на јазикот и промените на него можат да укажат на други болести, но ако овој симптом се појави заедно со други симптоми на инфекција со вирус на корона, многу е веројатно дека станува збор токму за короната.

2.Изменети сетила за вкус и мирис


Во мај 2020 година, професорот Спектор и неговиот тим регистрираа губење на сетилото за мирис и вкус како еден од симптомите на присуство на вирусот корона во организмот.

Во меѓувреме, се поголем број на оние кои биле позитивни на САРС-CoV-2, известуваат за променети сетила за вкус и мирис.

Луѓето често велат како го чувствуваат металниот вкус во устата. Еден дел од нив пријавиле дека сопственото тело мирисало чудно, толку непријатно што не знаеле како да се ослободат од тој мирис – истакнува професорот.

3.Губење на косата

Еден од поретките симптоми што луѓето го пријавиле е опаѓање на косата. Во моментов не сме сигурни дека овој симптом е тесно поврзан со инфекцијата со вирусот корона, но ние истражуваме – вели британскиот епидемиолог.

  1. „Мозочна магла“
    Збунетост и недостаток на концентрација се јавуваат главно кај постари лица кои имаат ковид19. Конфузијата и „мозочна магла“ се можеби најдобриот предиктор за болеста кај постарите лица, а овој симптом е придружен со стомачни проблеми и дијареја – вели професорот Спектор.
  1. Конјунктивитис
    Црвенилото на очите се јавува во подоцнежните фази на болеста, заедно со класичните симптоми како што се треска и кашлица.
    Главно се јавува кај пациенти кои имаат потешки форми на болеста.
escort - Korsan taksi