5 СИГУРНИ ЗНАЦИ ДЕКА СТЕ ЛОШИ ВО КРЕВЕТ: Сексот е цело патување, а не само пристигнување до целта!

11 септември, 2021
52395_par_ls

Ако го оценувате успехот на сексот според тоа колку оргазми имал секој од вас, сте ја промашиле поентата на се. Сексот е цело патување, не само постигнување на целта

1. Сексуалниот нагон е низок или не постои „Ако не сте премногу заинтересирани за секс, веројатно нема да внесете љубопитност и желба што инаку ги краси големите љубовници“, вели сексологот Трејси Кокс, од Велика Британија.

2. Премногу сте фокусирани на оргазмот Ако успешноста на сексуалниот однос го оценувате според тоа колку оргазми доживеал секој од вас, сте ја пропуштиле поентата на се. Сексот е цело патување, не само постигнување на целта. Вистинскиот љубовник ќе го држи својот партнер близу до оргазам што е можно подолго, но нема да му дозволи да сврши. Наместо да брзате кон целта, запомнете дека оргазмот трае неколку секунди, а водењето љубов може да потрае со часови.

3. Ја прескокнувате ја предиграта За одличен секс и двајцата треба да се загреете – физички и психички. Се разбира, понекогаш и двајцата сте толку возбудени што едвај чекате да имате секс, и тоа е добро. „Но, најчесто предиграта е неопходна, особено за жените“, забележува Кокс. “Во тоа не уживаат само жените. Истражувањето спроведено врз мажи покажува дека колку повеќе време трошат на предигра, толку повеќе уживаат во сексот, а нивните оргазми се поинтензивни”, додава таа.

4. Имате лоша слика за вашето тело Ако не можете да се опуштите за време на сексот, најверојатно нема да бидете добар љубовник. Мора да се чувствувате добро во вашата кожа и да не се срамите да му го покажете своето тело на партнерот за да можете да уживате во водење љубов, допирање … Проблемите со лошата слика за сопственото тело им го расипуваат сексот и на двајцата.

5. Се плашите да пробате нови работи “Ако се чувствувате непријатно поради мало експериментирање во кревет и го избегнувате затоа што се плашите да не излезете лоши, а всушност сакате, тогаш не можете да се наречете добар љубовник. Погодете што? Подобро е да навлезете во тоа и покрај првичното чувство на непријатност, отколку да бидете целосно предвидливи и здодевни во креветот“, советува таа.