7 минути за тело без целулит: Започнете со овие вежби денес!

21 јуни, 2021
1470915610-cellulite_SMALL_5b728026-14c9-42a1-9bff-7b8ea24a585d_1024x1024

Секој од нас има неколку минути, затоа започнете сега.

Летото е пред нас, а со тоа и помислата дека помина уште една година, без да се активираме, да почнеме да вежбаме и да живееме здрави навики. Сепак, напорниот персонален тренинг и радикалната диета не се неопходни за подобрување на изгледот и состојбата на телото. Поставете си цел да пиете повеќе течности во следниот месец, да ги сведете слатките и тестото на минимум и да воведете дневни вежби како овие.

Целулитот е природен и нормален, затоа не очекувајте невозможни резултати и немојте да бидете опседнати со слики од списанија и социјални мрежи. Она што можете да го постигнете е дека со овие вежби, масажи и антицелулитни креми, ќе ја намалите неговата видливост – барем за некое време, ќе го затегнете вашето тело и ќе изгубите тежина. Затоа, кога ќе влезете во форма и ќе забележите позитивни промени на вашето тело – ќе се чувствувате подобро, и физички и психички.

Не ја заборавајте самодовербата кога ќе отидете на плажа ова лето!

Ви носиме 7 минутни вежби за отстранување на целулитот.