Ако досега ги отстранувавте, престанете! Еве зошто треба да ги јадете семките од лубеница

22 август, 2021
Screenshot 2021-08-22 132924

Време е да ја промените таа навика

Покрај тоа, со нивно внесување, обезбедуваме енергија, чие ниво може да варира во текот на летото. Се разбира, како и обично, ова е кратка увертира, а дополнителните придобивки откријте ги во следните редови.

1. Го чистат организмот

Семките од лубеница содржат влакна кои ја забрзуваат работата на органите за варење и овозможуваат исфрлање на токсините. Од минералите, го издвојуваме калиумот, кој е одговорен за чистење на телото.

2. Намалуваат отеченост

Ако чувствувате тежина во нозете во текот на летните месеци, сега знаете едно од решенијата. Тајната е во магнезиумот, кој ја стимулира циркулацијата.

3. Поттикнуваат добро расположение

Семките од лубеница се главен извор на протеини - IPortal

Како што веќе споменавме, семките не треба да се фрлаат бидејќи се извор на витамин Б, кој позитивно влијае на расположението. Сличен ефект има и магнезиумот.

4. Го намалуваат холестеролот

Влакната се одговорни за апсорпција на шеќер и масти што се одвива бавно, без ненадејни осцилации на нивото на инсулин и холестерол.

5. Го поттикнуваат сјајниот тен

Се што прочитавте претходно резултира со чист тен, без акни. И на крај, постојат полузаситени есенцијални масни киселини, кои се драгоцени за сјајот на кожата.