Ако се пие редовно, овој пијалок може да помогне во отстранување на вишокот килограми!

6 февруари, 2021
пие

Хидратацијата е многу важна и за кожата и за телото. Со цел метаболизмот да работи добро, потребно е да се внесат најмалку 2 литри вода на ден. Водата е многу моќна за постигнување одлична форма, но има пијалок кој има уште поповолно дејство врз слабеењето.

И нутриционистите потврдија дека зелениот чај е многу моќен пијалок.

“Водата е секогаш добар избор, бидејќи нема калории и го хидрира телото. Сепак, ако барате нешто што може да го забрза метаболизмот и да помогне во разградување на маснотиите, редовно пијте зелен чај”, вели Ејми Годсон, нутриционист.

Зелениот чај е полн со полифеноли и епигалокатехин-3-галат, што е моќен антиоксиданс, а истражувањата докажаа дека има корисен ефект врз забрзувањето на метаболизмот.

Zeleni čaj

Една студија објавена во „Џурнал за истражување во медицинските науки“ забележа поврзаност помеѓу потрошувачката на зелен чај и намалувањето на индексот на телесна маса.

“Покрај тоа, зелениот чај содржи кофеин, кој може да помогне во мобилизирање на слободни масни киселини. Ако го пиете овој чај пред тренинг, ќе имате многу повеќе енергија, па ќе можете да правите повеќе вежби, а тоа води до поголема потрошувачка на калории, “, додава Кудон.

Исто така, зелениот чај може да помогне во намалување на лошиот ЛДЛ холестерол, според една студија објавена во Nutrition Journal.

escort - Korsan taksi