Американска здравствена студија: „Носете две маски една над друга!“

10 февруари, 2021
Screenshot_2

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (CDC) го објави денес резултатот од лабораторискиот експеримент со два модела на човечка глава, оддалечени еден метар, со кои провериле колку честички исфрлала едната, а другата „вдишувала“.

Истражувачите откриле дека носењето една маска – хируршка или обична ткаенина – блокирала околу 40 проценти од честичките, а кога маската од ткаенина била ставена над хируршката маска, околу 80 проценти од честичките биле блокирани.

Кога обете глави „издишаа“ и „вдишуваа“ и двете носеа по две маски, повеќе од 95 проценти од честичките беа блокирани, изјави д-р Џон Брукс од CDC.

„Првиот предизвик е да се натераат што повеќе луѓе да користат маски, а потоа да им помогнат да ги користат на најдобар начин“, рече Брукс.

Студијата, истакнаа истражувачите, сепак е ограничена само на една марка хируршка маска и еден вид платно, а не е познато дали резултатите би биле различни со маските од другите производители. Сепак, тие рекоа дека претходните истражувања покажале дека две маски се подобри од една.

Затоа CDC ги ажурира своите упатства до граѓаните, препорачува да се стави платнена маска преку хируршката, покривајќи ги отворите долж нејзините рабови, така што честичките на вирусот не можат да поминат ниту од страните.

Со таа препорака, Агенцијата соопшти дека ја отстранува страницата „Направи сам“, направена минатата година кога имаше недостиг од маски, а CDC ги охрабри луѓето да ги прават сами.

escort - Korsan taksi