Антитела на Ковид-19 се наоѓаат и во млекото на доилки кои ја примиле вакцината?

11 март, 2021
mother-2605133_1920-1024x683

Една мала студија спроведена во Израел покажа дека антитела кон Ковид-19 има и во млекото на доилки кои примиле вакцина.

Студијата беше спроведена на примерок од 10 мајки кои дојат, а беше организирана од универзитетот во Тел Авив и медицинскиот центар Сураски.

Примероци од крв и млеко беа земени четири пати од жени кои дојат и ги примија и двете дози на вакцина против коронавирус.

Истражувањата покажаа дека антитела на Ковид-19 се наоѓаат и во млекото на доилки кои примиле вакцина.

Укажува дека нивото на антитела што се наоѓаат во млекото може да биде доволно за да се заштитат бебињата од коронавирус, пренесува Times of Israel.

escort - Korsan taksi