Антивирусна терапија која убива 99,9 проценти од Ковид 19 инфекцијата најавена како следен лек

19 мај, 2021
Image,Lab,Of,Coronavirus,Covid-19,Sample,Test,With,Microscope,By

Тим меѓународни научници од австралискиот институт за здравство Menzies Health Institute Queensland (MHIQ) од универзитетот Грифит разви антивирусна терапија со која се убиваат 99,9 проценти од ковид 19 честичките во белите дробови на човекот. Оваа терапија е најавена како следниот најдобар лек за вирусот САРС-КоВ-2.

„Можеме да го уништиме вирусот во нечии бели дробови“
Технологијата на „следната генерација“ делува како „ракета која бара топлина“ за да открие честички и да ги нападне. Лидерот на истражувачкиот тим, професорот Најџел Мекмилан од MHIQ, рече дека револуционерниот третман спречува размножување на вирусот, па дури и може да запре смртни случаи поврзани со инфекција со ковид 19 ширум светот. Како што објасни, тоа е „мисија на пребарување и уништување“.

„Можеме да уништиме вирус кој се развива и расте во нечии бели дробови“, рече професорот Мекмилан, додавајќи дека третманот работи со употреба на медицинска технологија наречена „супресија на гени“, која за првпат беше откриена во Австралија во 90-тите години на минатиот век. Супресијата на гените користи РНК – основните градежни блокови во телото, слично на ДНК, за напад на респираторни заболувања.

  • Ова е технологија која работи со мали парчиња РНК кои можат специфично да се поврзат со геномот на вирусот. Ова врзување предизвикува геномот да „престане да работи“ и всушност предизвикува клетките да го уништат, објасни професорот Мекмилан.

Иако имаше и други антивирусни третмани, како што се Занамивир и Ремдесивир, кои ги намалија симптомите и овозможуваат побрзо закрепнување на пациентите со коронавирус, ова е првиот третман што директно го запира вирусот. Лекот треба да се достави до крвотокот со инјекција во нешто што се нарекува „наночестица“.

escort - Korsan taksi