БАБА (74) ЈА ОФАРБА КОСАТА ВО БОИТЕ НА ВИНОЖИТОТО И ПРЕДИЗВИКА ХАОС: „Млада сум и ова ми се допаѓа!“

11 јули, 2021
patti-smeed001-830x0 (1)

Пети Смид, седумдесет и четиригодишна дама, објави фотографија со новата боја на коса на социјалната мрежа Твитер и со тоа предизвика вистински хаос.

„Јас сум млада, имам 74 години и ова го направив денес со коса. Ми се допаѓа“ – напиша Пети во описот на фотографијата.

На околу 350.000 луѓе им се допадна нејзината коса обоена во бои на виножито, што започна вистински тренд на оваа мрежа. Нејзините врсници споделија фотографии во коментарите, на кои тие ги покажаа своите промени.

„Драго ми е што бев ваша инспирација. Не очекував толку позитивен одговор. Поради поддршката што ја добив и бојата на косата, станав посмела и похрабра“ – напишала оваа жена.

И додека таа сигурно не е првата личност што ја обои косата во светли нијанси, нејзината објава потврди дека како што старееме, изборот кога станува збор за бојата на косата не треба да биде ограничен, туку спротивното.

„Пред многу години, луѓето велеа „Ох, таа жена со розова коса е луда“, но сега гледаат на тоа поинаку и го карактеризираат таквиот избор како моден тренд“ – коментираше Мајкл Матуа, сопственик на еден од престижните фризерски салони.

По потегот на Пети, жените ги преплавија социјалните мрежи со фотографии со нова боја на коса, а тоа го забележа Роберта Хејс (84), мултимедијална уметница, која им пружи целосна поддршка на овие дами.

„Сите овие жени се толку слободни. Тие многу добро знаат кои се и што сакаат. Не мора да чекате додека не наполните 85 години да пробате нешто ново“ – прокоментира Роберта, додавајќи дека жените на нејзина возраст се чувствуваат похрабро поради бојата на косата:

„Поради шарената коса, ќе бидете похрабри. Кога седите, се чувствувате невидливи, а јас секако не се чувствувам така.“