Beauty трикот на принцезата Дијана: За блескава кожа без несовршености ја користела оваа домашна маска за лице

2 мај, 2021
princess-diana-skincare

Принцезата Дајана во сеќавањата на многумина остана како една од најголемите природни убавици, но дури и таа водеше битка со несовршености на кожата, па дури и со розацеа. И покрај оваа проблематична состојба на кожата – црвенило на лицето и скалпот што повремено се појавуваше како резултат на проширување на капиларите, нејзината кожа секогаш изгледаше негувана, хидрирана и без видливи флеки.

Благодарение на нејзината шминкерка и пријателка Мери Гринвел, сега знаеме како Дајана го постигна тоа. Наместо да поминува скапи третмани или производи, Лејди Ди се потпре на едноставни и достапни препарати како што се смирувачко масло од роза и домашни маски за лице од авокадо.

Но, тајната на нејзината совршена кожа беше и во нејзината постојана рутина за убавина. Гринвел на тој начин откри како Дајана се придржувала до едноставни рутини за чистење, тонирање и хидрирање на кожата двапати на ден.

„Дијана беше многу разумна кога станува збор за кожата. Секогаш се грижеше да ја извади шминката на крајот од денот и да има чисто лице пред да се нашминка“, изјави Гринвел за странските медиуми. Шминкерката додаде дека никогаш непрежалената принцезата и изборот на здрав начин на живот и помогнале да го задржи прекрасниот сјај на кожата.

„Откако започнав да работам со неа, Дијана започна да прави сè во умерени количини. Таа исто така го намали внесот на алкохол, што често промовира розацеа, така што веројатно и помогна да избегне појава на непријатни точки“, рече Гринвел.

Шминкерката се присети на неверојатната кожа на Дијана, и таа е уверена дека и денес „принцезата на народот“ би ги користела вистинските препарати како серум за зрела кожа, или секојдневно применување на заштитен фактор.

Рутината на Дијана навистина не е тешка за копирање, а пред да одлучите да ги обновите вашите ормани за убавина, ви донесуваме и едноставна маска за лице од авокадо што може да и помогне на вашата кожа да постигне уште поголем сјај.

Едноставна маска за кожа од авокадо

Состојки:

½ Зрело авокадо
2 лажици топла вода
1 лажица мед

Апликација: Авокадото испасирајте го со вилушка. Растопете го медот во топла вода, а потоа додадете го во авокадото и измешајте сè заедно во компактна смеса. Нанесете ја маската на лицето со прстите или со четка. Оставете да делува 10 минути, а потоа исплакнете со млака вода.

escort - Korsan taksi