Борбата против брчките започнува уште во дваесеттите години: Применувајте ги овие совети за да го зачувате младешкиот изглед

12 јуни, 2021
girl-18670921920-830x0

За да ги избегнете брчките, најдоброто нешто што можете да направите е да го негувате лицето пред да се појават

Опуштена кожа и брчки се изрази кои не загрижуваат никого во дваесеттите години. Дури кога ќе се појават првите знаци на стареење на вашето лице, почнувате да размислувате што би можеле да направите за тоа.

За жал, ако задоцните со грижата за лицето, обидот да ги отстраните знаците на стареење нема да ви биде лесен. Изгледота на кожата на лицето подоцна во животот многу зависи од тоа како сте се грижеле во дваесеттите години.

Вашата кожа ќе старее природно со годините – процесот на стареење обично започнува во доцните дваесетти или рани триесетти години. За тоа време, производството на колаген почнува да опаѓа.

Кога станува збор за борба против стареењето, главната работа што треба да биде најважна за секој режим за нега на кожата е блокирање на ефектите на надворешните фактори врз вашата кожа, како што се загадувањето и УВ зраците.

Еве неколку едноставни совети за да изгледате младо.

Заштитете ја кожата од сонцето

Ако поминувате премногу време на сонце, всушност го забрзувате формирањето на брчки и старечки дамки. Секој ден треба да нанесувате крем со заштитен фактор 30 или поголем.

Иако е познато дека сонцето произведува витамин Д, што е многу важно за нашето здравје, не смеете да заборавите дека по неколку минути на сонце, вашата кожа престанува да го „прима“ овој витамин.

Не го прескокнувајте пилингот на кожата

Мртвите клетки на кожата се акумулираат на лицето дури и во овие години и предизвикуваат големи проблеми. Ќе ѝ помогнете на вашата кожа доколку правите пилинг еднаш неделно. Со нежно триење на лицето, кожата е длабоко исчистена и освежена.

Извадете ја шминката пред спиење

Шминката ги затнува порите и ги шири, што ги прави повидливи на кожата. Исто така, има ефект на сушење на кожата, така што површинските слоеви ја губат влагата. Во текот на ноќта, кожата се опоравува од сите штетни влијанија на кои била изложена во текот на денот, па затоа е важно да ја оставите да дише.

Земете витамини

Започнете да користите производи кои содржат витамин Ц или други антиоксиданти. Антиоксидансите се хемиски соединенија кои помагаат во борбата против слободните радикали, кои предизвикуваат стареење.

Иако лесно можете да ги најдете во козметичките производи, тие исто така природно се наоѓаат во многу видови овошје и зеленчук, така што храната што ги вклучува овие различни намирници е ефикасен и природен начин да ја заштитите кожата од стареење.

Витаминот Ц е еден од најдобрите антиоксиданти за вашата кожа – исто така познат како аскорбинска киселина која делува како ко-фактор на ензими неопходни за синтеза на колаген.

escort - Korsan taksi