БРЗА ДИЕТА: Наглото слабеење може да доведе до сериозни здравствени проблеми

12 јуни, 2021
Dieting

Диетите кои даваат брзи резултати се многу лоши за нашето здравје, особено кај постарите лица, предупредува австралискиот лекар Бред Мекеј.

Овој лекар посочува дека ако вашата тежина драстично се промени, односно ако изгубите многу тежина во период од неколку недели, голем дел од таа тежина е всушност само течност, така што нема да изгубите тежина, туку ќе бидете дехидрирани.

„Постојан замор и лош здив“

„Луѓето честопати се чувствуваат постојано уморни поради тоа, имаат лош здив, проблеми со стомакот и го изложуваат срцето на голем стрес“ – објаснува лекарот.

Брзите диети го зголемуваат крвниот притисок, ја намалуваат коскената густина и мускулната маса и можат да предизвикаат вртоглавица.

Вашата цел треба да биде постепено и бавно слабеење, а не брзо губење на тежината, а потоа уште побрзо враќање. Многу е важно редовно да го контролирате крвниот притисок и холестеролот и да бидете сигурни дека вашето тело е секогаш хидрирано.

„Само започнете со одење во теретана. Не треба да правите екстремни спортови, да ангажирате личен тренер или да полудите од стрес. Ако веќе треба да наполните чинија со храна, нека биде тоа зеленчук, а можеби и парче месо“ – забележува д-р Бред Мекеј.