„ЦЕЛА СВЕТСКА ЗАЕДНИЦА Е ВО ОПАСНОСТ!“ Русите предупредуваат: Само прашање на денови е!

13 март, 2021
korone

Новиот вид птичји грип А (H5N8), кој беше идентификуван кај неколку Руси во февруари, веројатно ќе се мутира наскоро и ќе може да се пренесува од личност до личност, изјави Ана Попова, шеф на надзорното тело на Руската Федерација Роспотребнадзор.

“Можноста тоа да се случи е многу голема. Веројатно ќе се случи, но добро е што го видовме тоа пред да се случи неволјата”, изјави Попова.

Иако луѓето можат да бидат заразени со други подвидови птичји и свински грип, H50N8, кој е смртоносен за птиците, никогаш не се проширил на луѓето. Сега е прашање на денови …

“Ова веројатно ќе се случи. Колегите велат дека мутацијата продолжува многу активно”, рече Попова.

Попова истакна дека Роспотребнадзор и сибирската државна лабораторија за истражување Вектор „имаат време“ да развијат комплет за тестирање и вакцина.

“Ќе бидеме подготвени. Со други зборови, ќе можеме да ја предупредиме целата светска заедница за заканата”, изјави главниот руски санитарен лекар.

escort - Korsan taksi