Четири природни лекови за лекување на бактериски и габични инфекции

1 јуни, 2021
infekcija-1536x1024

Тие се вистински дарови на природата

Обично кога сме болни, бараме различни решенија за лекување на инфекцијата што е можно побрзо.

Секогаш ни се препорачува да внесуваме што повеќе течности и витамини во нашето тело.

Меѓутоа, кои природни лекови можеме да ги користиме како антибиотици, што ќе придонесе за што побрзо закрепнување?

Бактериите се наоѓаат на различни места во нашето тело: во дигестивниот тракт, назалната мукоза, на кожата, како и на гениталиите. Овие се добри бактерии кои ни помагаат во варењето на храната, синтезата на витамини, ја регулираат pH вредноста на кожата и ја одржуваат pH вредноста на вагиналната мукоза.

Кога ќе се намали нашиот имунитет или ќе земеме силни антибиотици, се случува pH вредноста во организмот да се наруши, поради што ваквите бактерии почнуваат да се размножуваат и на тој начин го загрозуваат нашето здравје. Ако телото не е во можност да спречи размножување на бактериите, ќе се појави инфекција.

Затоа, се препорачува да не се користат антибиотици често, и кога е потребно, да се комбинираат со пробиотици. Антибиотиците ги уништуваат и добрите и лошите бактерии, затоа е потребно некако да се зголеми бројот на добри бактерии во организмот и да се формира нормална pH вредност, а токму тоа се постигнува со пробиотиците.

Овие се најчестите природни антибиотици кои исто така го подобруваат имунитетот:

Прополис

Прополисот е природен антибиотик кој има антиинфламаторно и антибактериско својство без несакани ефекти, па дури и се покажа дека е ефикасен во лекувањето на резистентни соеви на бактерии. Содржи фототонизиди, имунолошки фактори за кои се смета дека ја зголемуваат отпорноста на организмот и го прават посилен.

Лук

Досега е покажана големата ефикасност на лукот кога станува збор за бројни бактериски или габични инфекции. Овој природен антибиотик долго време се користи во народната медицина за лекување на многу болести. Содржи алицин, кој е многу ефикасен кога станува збор за влијание на отпорни бактерии.

Ехинацеа

Ова растение директно влијае на имунолошкиот систем преку стимулирање на производството на одбранбени клетки како одговор на бактериска или вирусна инфекција. Ако сте настинати, можете да користите капки од овој природен антибиотик или чај направен од ова растение и некои други, исто така многу ефикасни билки.

Колоидно сребро

Колоидното сребро се користело уште од античко време за лекување на разни болести и инфекции.

Тоа е многу влијателно во решавањето на здравствените проблеми што се јавуваат како резултат на падот на имунитетот: бактериски и габични инфекции, проблеми со кандида, хронични болести и слично. Поволно делува на подобрувањето на состојбата на целиот организам. Ги уништува микроорганизмите без да создаде нивен отпор.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi