Дали цигарите можат да го ослабат ефектот на вакцината против Ковид-19?

2 мај, 2021
Covid-19,close-up,Of,Man,With,Medical,Mask,Smoking,A,Cigarette,At

Вакцината против Ковид-19 се смета за клучна алатка во борбата против пандемијата на коронавирусот. Прашањето сега е дали пушачите можат да пушат непосредно пред или да продолжат по вакцинирањето и дали цигарите ќе влијаат на ефикасноста на вакцините за Ковид-19.

Според Светската здравствена организација (СЗО), пушачите имаат поголем ризик од инфекција со коронавирус, па затоа треба да ја примат вакцината што е можно поскоро за да се заштитат.

Покрај тоа, пушењето исто така го намалува капацитетот на белите дробови и го зголемува ризикот од неколку други респираторни заболувања. Многу извештаи наведуваат дека пушачите се изложени на поголем ризик од развој на потешка форма на Kовид-19.

Д-р Висака Шивдасани посочи дека луѓето не треба да пушат откако ќе ја примат првата доза на вакцина, бидејќи цигарите можат да го намалат одговорот на антителата, како и да избегнат цигари по вакцинацијата.

Лекарот наведе уште неколку работи што се важни, а тие се однесуваат на вакцинирањето.

Таа посочи дека би било пожелно секоја личност да спие најмалку шест часа во текот на ноќта една недела пред да се вакцинира. Таа исто така препорача пробиотици, наведувајќи дека 70% од имуните клетки се во варењето и дека е важно здравјето на цревата.

Д-р Шивдасани посочи дека стресот може да влијае и на имунолошкиот одговор и им препорачува на луѓето кои планираат да се вакцинираат да избегнуваат алкохол покрај цигарите најмалку три дена пред вакцинацијата, но и по вакцинацијата, како и да избегнуваат стрес кој докажано го нарушува целосното здравје, пренесува Times of India.

Таа исто така препорача дополнителен внес на цинк што го зајакнува имунолошкиот одговор и истакна дека дефинитивно треба да се внесува повеќе храна богата со протеини.

escort - Korsan taksi