Дали е ова НОВИОТ ПОПУЛАРЕН ФУСТАН на Кери Бредшо? Сара Џесика Паркер во малку поинакво издание во Њујорк (ФОТО)

18 октомври, 2021
250542af72800ed21f5e82b0a6f700a429e9fb99

Сара Џесика Паркер имаше неколку фустани по кои ја паметиме, дали е ова следниот?

Култната серија „Сексот и градот“ наскоро ќе добие продолжение, а дотогаш ќе ги следиме се уште популарните стајлинзи на Кери, главниот лик или актерката Сара Џесика Паркер.

За време на емитувањето на серијата од 90 -тите, хероините од серијата ги диктираа модните трендови. Жените ширум светот внимателно следеа што ќе облечат во следната епизода и така од сезона во сезона.

Во моментов се снима новата сезона на серијата во Њујорк, а Сара прошета уште еден потенцијален „фустан на Кери“.

Имено, актерката носи елегантен набран син фустан со едно голо рамо и должина до под коленото.

Сара го искомбинира со бела долга јакна и светкави сандали. Ја врза косата во ниска, залижана пунџа, која се уште одлично и стои.