Дали е во прашање сезонска алергија или треба да направите PCR-тест? Како да се споредат симптомите?

12 мај, 2021
unnamed

Конечно дојде пролетта, а со тоа и подоброто време што не привлече да излеземе на отворено. Сите сакавме да ги видиме драгите луѓе кои не ги посетивме претходните месеци поради пандемијата. Сепак, за сите кои страдаат од сезонски алергии, се појавува нов проблем – како да ги разликуваат нивните алергиски симптоми од корона вирусот.

Ако сте во групата на луѓе кои страдаат од алергии, тогаш знаете дека течење на носот, чешање на очите или грлото, постојано кивање, постојана сува кашлица, дишење со „свиркање“ и повремено гушење може да бидат проблеми кои упорно ве вознемируваат. Меѓутоа, во овој период, секое појавување на нови проблеми го покренува прашањето – дали имам корона? Симптомите што укажуваат на ковид не треба да се игнорираат, бидејќи тоа може да доведе до сериозни последици. Затоа е важно да се направи разлика.

Клучни симптоми на ковид – Чести симптоми се треска, кашлица, замор и губење на апетитот. Поретко, луѓето можат да имаат дијареја, гадење или повраќање. Главната разлика во однос на алергиите е температурата и губење на вкус или мирис, па ова дефинитивно се знаци кои кога ќе се појават, треба веднаш да отидете на тестирање или да се изолирате. Сепак, значителен број луѓе немаат сериозни симптоми, затоа е можно да имате корона вирус и да немате температура. Симптомите обично се појавуваат во рок од пет дена по контактот со заразено лице, но развојот на инфекцијата може да трае и до 14 дена. Ако сте загрижени за проблемот, контактирајте ја вашата локална клиника за да откриете дали треба да бидете тестирани.

Клучни симптоми на алергија – Ако претходно сте имале пролетни алергии, и како и претходните години, страдате од истите проблеми како чешање на очите, носот, па дури и грлото, како и кивање или течење на носот, веројатно во прашање е алергија. Како резултат на испуштање на секрети од носот, може дури да се случи грлото да се воспали или да кашлате. Како можете да бидете сигурни дека имате алергија? Ако сте користеле лекови во претходните години кои ги подобриле овие симптоми, тогаш многу е веројатно дека новите проблеми се резултат на сезонски алергии. Како што секој што страда од алергии може да потврди, алергиите траат со месеци, така што временската рамка честопати може да ни даде одговор. Секако најдобриот начин да потврдите алергија е да направите тестови на кожата кај алерголог.

Еден од вообичаените симптоми е кашлица. Имунолозите велат дека клучната разлика е од каде потекнува кашлицата. Корона вирусот е придружен со сува кашлица која навистина доаѓа длабоко од градите и која обично е поврзана со отежнато дишење. Тоа е различен вид кашлица од алергиската кашлица кога се обидуваме да го исчистиме или да го скокоткаме грлото.

escort - Korsan taksi