Дали носите ИСТИ ПИЖАМИ ПОДОЛГО ОД 2 ДЕНА? Сигурно ќе се згрозите кога ќе видите КАКВА ГРЕШКА ПРАВИТЕ

5 октомври, 2021
Screenshot 2021-10-05 214930

Податоците покажуваат дека мажите во просек ги менуваат пижамите на 13 дена, а жените на неверојатни 17.

И покрај фактот дека повеќето жени имаат полн плакар и сакаат да купуваат облека, така што сигурно имаат многу пижами, бројните статистики и истражувања покажуваат дека жените во просек чекаат 17 дена за да ја сменат пижамата.

Поневеројатен факт е дека мажите, за кои се смета дека се помалку загрижени за хигиената, чекаат помалку денови, 13.

Иако се е индивидуално, ретко кој доволно често ги менува пижамите бидејќи научниците велат дека треба да се облечете во чисто секоја вечер.

Еве неколку крајно непријатни последици што можат да настанат доколку не ги менувате пижамите секоја вечер.

Стафилококи

Повеќето луѓе на својата кожа носат мала количина стафилококи, бактерии кои се наоѓаат на кожата, во носот, во устата и не предизвикуваат непријатност. Но, ако носите иста пижама повеќе вечери, бројот на овие бактерии се зголемува, и преку гребнатини можат да навлезат под кожата и да предизвикаат опасни инфекции. Редовното перење на пижамите треба да го спречи тоа.

Грини

Грините се хранат со мртва кожа, па ги привлекува вашиот кревет и пижами, кои се полни со мртви епителни клетки. Валканите пижами привлекуваат уште повеќе грини, што може да доведе до проблеми со дишењето, особено за време на спиењето.

Непријатен мирис

Сите знаеме дека нередовното туширање и лошата хигиена на телото предизвикуваат лош мирис, а за да го спречите тоа, треба и редовно да ги перете пижамите. Ја апсорбираат потта во текот на ноќта, а бактериите се размножуваат особено брзо на темни и влажни места, па оттука и непријатните мириси. Дури и да се туширате секоја вечер, нема смисла да носите валкани пижами.

Несоница

Спиењето во чисти пижами ви дава чувство на свежина, удобност и ви помага да заспиете. Од друга страна, спиењето во валкани пижами ве одржува будни цела ноќ бидејќи вашата кожа ќе биде мрсна и ќе ве чеша. Покрај тоа, грините ќе ви го отежнат дишењето. Ова доведува до ‘рчење и други нарушувања на спиењето, но и до алергии.

Пад на имунитетот

Ако постојано носите валкани пижами, вашиот имунолошки систем мора да се бори против стафилококи, бактерии и вируси. Го ослабува вашето тело, што значи дека ќе бидете болни почесто.