Дали сладолед диетата е само уште една во низата диети кои звучат премногу добро за да бидат вистинити?

5 мај, 2021
Screenshot_1

Затоа што веројатно и е така. Но, сигурни сме дека е најпримамлива од сите оние на кои наидовме…

Чистењето на телото може да се постигне со пиење на сите видови овошни и зеленчукови сокови, чаеви и други препарати. Диетата со сладолед делува на многу сличен начин, само вие не консумирате сокови, овошје и зеленчук, туку сладолед! Наводно делува, а ние целосно се загреавме за идејата!

Поентата на оваа диета за чистење на организмот е да јадете 5 топки сладолед на ден, четири дена по ред. И ништо друго. Само сладолед! Пет! Топка! Сладолед! Скоро пет дена по ред! Ако сте навистина среќни, ќе започнете да нè мразите сега затоа што имаме лоши вести. Не смеете да го јадете било кој сладолед. Односно, поточно, не смее да биде сладолед од млеко и ниту една состојка не смее да се третира термички. Овие сладоледи се вегански и 100% органски и се направени од кокос кој, кога се ферментира, се претвора во јогурт од кокос. Сладоледот е засладен со мед кој се додава во јогуртот од кокос и потоа се замрзнува и така станува сладолед. Таков сладолед може да се направи и со други состојки, како што е свежо исцеден сок од портокал или вистинско чоколадо. За четири дена, јадењето ваков сладолед наводно убаво го чисти организмот и отстранува значителен број килограми.

Експертите, како и секогаш кога станува збор за вакви експресни диети и го чистат организмот гарантираат дека ќе изгубите неколку килограми. А тие исто така гарантираат дека ќе ги вратите со исто темпо кога ќе престанете да ја држите диетата. Сите овие диети, дури и овој сладолед, звучат забавно, но кога малку ќе застанете, тие не се најпаметната идеја. Всушност, тие се прилично глупави, нездрави и опасни!

escort - Korsan taksi