Дали сте пиеле кафе од БРОКУЛА? Едноставно е и здраво

20 февруари, 2021
1f7d63e2ac25d60940189dea2b3a568774545e84

Кафе од брокула звучи примамливо, нели?

Добри вести за љубителите на кафе: кофеинот и зеленилото можат да се искомбинираат во една чаша. Карфиолот и брокулата се вообичаени состојки не само во салати, туку и во смути. А сега зеленчукот ја напаѓа областа на друг пијалок – кафето.

Како да направите кафе од брокула

За овој пијалок не ви треба свежа брокула, бидејќи тоа не е смути. Прво, зеленчукот треба да се исуши, а потоа треба да се измеле во ситен прав, кој се додава во кафето. Покрај тоа, само две лажици од овој зелен прав имаат хранливи вредности кои ќе ви помогнат да ги внесете сите потребни елементи во вашето тело. Постои уште еден силен аргумент во прилог на новото „зелено“ кафе – ретко кој јаде редовно брокула. Овој зеленчук гостува на трпезата само од време на време, а кафето е многу попопуларно.

Алтернативни опции

Ако ви е тешко да замислите кафе од брокула, можете да започнете со други опции. Прашокот од брокула е дефинитивно здрав – и може да биде интересна состојка во истото смути, како додаток на житарките или пирето од авокадо. Овој прав може да се чува многу подолго од обичниот зеленчук, а полето за експериментирање со вкусови и јадења сега е многу поголемо.

escort - Korsan taksi