Дали сте сигурни дека сте подготвени за нова љубов?

5 февруари, 2022
Screenshot_3

„Ако ја барате среќата, а сте во врска, тогаш не сте во добра врска. Вие сте креатор на вашата среќа во животот и врската треба да го надополни тоа “.

Терапевтите Викторија Голденберг и Ејми Чен споделија неколку совети кои ви кажуваат дали сте подготвени за нова љубов.

1. Имате хоби, пријатели и животни цели

„Без разлика дали сте раскинале неодамна или сте биле сами некое време, прво мора да бидете свесни за себе. Ако имате многу страсти и хобија што ги следите за лично задоволство и исполнување, тоа е знак дека сте подготвени да запознаете некој нов. Ако барате среќа, а сте во врска, тогаш не сте во добра врска. Вие сте креатор на вашата среќа во животот и врската треба да го надополни тоа “, вели Викторија Голденберг.

2. Знаете како да се справите со проблем кога сте под стрес

Времето ги лечи раните од минатите врски, но не постои јасно правило кога треба повторно да излезете по раскинувањето. На вашата подготвеност најмногу укажуваат начините на кои се „третирате“ себеси од последната врска додека сте слободни.

3. Не споредувајте ги новите партнери со поранешните

Споредувањето на новиот партнер со бившиот е уште еден знак дека не сте подготвени. Ако барате споредба за сѐ  или се чувствувате како копнеете по нешто што го правел вашиот бивш, правите чекор назад. Прво мора да го оставите минатото зад себе и да го преболите за да бидете подготвени за нови познанства: „Уште едно предупредување за слободните кои имаат деца од претходните врски. Немојте да го криете тоа ни случајно од вашиот нов љубовен партнер “, вели Викторија Голденберг.