Дали сте слушнале за налепниците за веѓи? Овој нов трик за убавина е хит на TikTok

4 февруари, 2021
1401633

Веѓите се украс на секое лице, а неколку сезони наназад акцентот е ставен на густите и нагласени веѓи кои сигурно ги намалуваат годините

И додека порано тенки веѓи беа must have во 90-тите, денес сите сакаат густи и експресивни веѓи како Лили Колинс, Дуа Липа, Кара Делевињ или сестрите од кланот Кардашијан-Џенер.

Секако, немаат сите среќа да можат да се пофалат со природно густи веѓи, но затоа на пазарот има богата понуда на козметика, како што се сенки за очи, гелови, моливи …

Веѓите го менуваат изразот на лицето и можат да го разубават, но и да предизвикаат контраефект доколку не се добро обликувани и истакнуваат.

Затоа, не е изненадувачки што од сега се појавува нов тренд за убавина за разубавување на веѓите.

Откако сите полудеа по јапонско исцртување на веѓите, на TikTok се појави нова опсесија на љубителите на убавината, а станува збор за т.н. налепници-тетоважа за веѓи.

Иако ова звучи бизарно на прв поглед, девојките откриле на TikTok дека ваквите „задебелени“ веѓи можат да бидат многу убедливи.

Како делува?

Ова е многу сличен метод со, на пример, привремени тетоважи кои се применуваат на сличен начин.

На Амазон овие „привремени“ веѓи се голем хит, и доаѓаат во различни форми и се идеални за пополнување на мали празнини на веѓите и можат да траат неколку дена.

Пред да започнете, најдобро е да ги обликувате природните веѓи малку и да ја исчистите областа околу нив за да ја отстраните мртвата кожа. Потоа, притиснете ја налепницата и навлажнете ја со влажен сунѓер или крпа. Сега почекајте дваесетина секунди, излупете ја хартијата и оставете ги тетоважите на веѓите да се исушат. Она што не може да се избегне со овие налепници за тетоважа е светлосен сјај, затоа користете малку пудра за мат ефект.

escort - Korsan taksi