Дали треба да му признаете на партнерот дека го изневеривте? Психолог советува внимателно да размислите од ЕДНА причина

7 октомври, 2021
d563ea9322c831956c8308417c02e5dfc4292832

Искреноста во некои случаи може само ѝ наштети на врската.

Иако искреноста треба да биде темел на секоја врска, особено емотивна, во некои случаи вистината треба да ја чувате за себе.

Сузан Винтер, советник за парови од Њу Јорк, тврди дека неверството не треба да му се признае на партнерот од една причина, а тоа е заштита, односно неверството треба да го чувате за себе за да го поштедите партнерот од болното сознание дека е изневерен.

– Вашата ослободителна пресуда доаѓа до израз со партнерот кој е изневерен. Иако искреноста всушност е обележана со интимна блискост, има случаи кога ослободувањето од себе води до сурови и непотребни информации кои само го оптоваруваат вашиот партнер – објаснува Сузан и додава во која ситуација неверството треба да се премолчи.

– Ако го изневеривте партнерот додека сте биле во алкохолизирана состојба, размислете двапати пред да ја раскажете „авантурата“ на која едвај се сеќававте следниот ден. Исповедта може да ви донесе само зло, ништо добро. Посветете се на умереноста и научете ги своите граници – советува Сузан, која потоа нагласи дека неверството треба да се признае доколку се работи за вистинска афера.

– Тоа беше избор што го направивте неколку пати и ја пренасочивте вашата љубов и сексуална желба кон друга личност. Таквото однесување укажува на проблем што постои во вашата врска или во вас.

Покрај тоа, Сузан предлага да се консултирате со терапевт пред каква било важна одлука, со цел да ви помогне да комуницирате со вашиот партнер и да ги решите проблемите што се вон рамнотежа.

escort - Korsan taksi