ДЕВЕТ НАВИКИ ШТО ЈА УНИШТУВААТ КОЖАТА НА ЛИЦЕТО: Немате совршен тен поради овие грешки!

3 јуни, 2021
njega-lica

Навиките, како и начинот на живот, влијаат на целиот организам, вклучително и на состојбата на кожата. Залудно трошите пари на скапи креми, серуми и гелови за чистење, ако не се грижите за исхраната и имате нездрави навики.

Ако имате проблеми со кожата, можеби правите една од следниве грешки:

Брзата храна многу брзо го зголемува нивото на шеќер во крвта и предизвикува зголемување на нивото на инсулин во крвта, што индиректно доведува до формирање на митесери и акни.

Пушењето цигари не само што ја намалува циркулацијата во кожата, туку исто така го зголемува ризикот од директна изложеност на токсини на кожата и крвта.

Туширањето со врела вода може да има релаксирачки ефект, но може значително да го оштети површинскиот слој на кожата.

Конзумирањето алкохол ја дехидрира кожата и ги отстранува нејзините природни масла.

Користењето валкани четки за шминка предизвикува појава на акни и бактериски инфекции.

Недостатокот на сон доведува до стрес, а тоа резултира со акни, па дури и псоријаза.

Стискањето на мозолчињата може само да ја турне нивната содржина подлабоко, па затоа бактериите завршуваат подлабоко во порите што предизвикуваат инфекција. Ова ги влошува акните и дури може да доведе до лузни.

Честите телефонски разговори, односно лепењето на мобилниот телефон на кожата, може да резултираат со појава на акни, без оглед на тоа дали уредот е чист или не.

Спиењето со шминка на лицето е честа грешка, треба да имате предвид дека шминката ги затвора порите и предизвикува негативни состојби на кожата.