ДЕВОЈКА ИЗГУБИЛА 40 КИЛОГРАМИ ЗА 10 МЕСЕЦИ: Има порака за сите кои мислат дека ќе ослабат само со мачно тренирање!

20 март, 2021
My-Post-1-9

Ова е поранешна емоционална јадачка и љубителка на чоколадо што би јадела во ланци за брза храна пет пати неделно, сè додека едно лето не се одлучи за драстична трансформација бидејќи не беше задоволна со својот изглед. За само десет месеци изгуби околу 38 килограми.

Пред четири години, Изабел Адета од Монтреал и нејзината мајка го загубија својот дом во поплава. По дипломирањето, таа нашла работа и ги финансирала себе си и нејзината мајка. Таа нашла утеха во храната и не била задоволна во врската. Во еден момент, тежела нешто повеќе од 100 килограми.

Летото 2016 година значело промена за неа. На одмор во Шпанија не можела да се опушти бидејќи се чувствувала страшно поради својот изглед и диета, па затоа решила да ги промени своите животни навики.

Таа ја смени диетата и започна да вежба со тегови, за по само 10 месеци да стигне на 60 килограми. „Да се ​​намали телесната тежина не е лесно. Осумдесет проценти се случуваат во кујната, а 20 проценти во теретана“, објасни 24-годишната Изабел.

Најголемиот дел од својата тежина ја изгуби благодарение на здравата исхрана која се состоеше од овошје, зеленчук, посно месо и цели зрна. Покрај тоа, таа плива скоро секој ден по половина час.

Со својата трансформација, сега ги мотивира другите корисници на социјалните мрежи. „Ако имате вистински начин на размислување и мотивација, сè е можно“, смета Изабел.

За сите оние кои сакаат да изгубат тежина има еден совет – започнете со мали промени. „Ако јадете брза храна три пати неделно, започнете со намалување на два, а потоа еднаш и повеќе нема да чувствувате потреба да одите таму“, смета таа.

escort - Korsan taksi