ДИЕТАТА НА ПОЗНАТИОТ ДР. МОЗЛИ СИМНУВА И ДО 10 КИЛОГРАМИ ЗА 3 НЕДЕЛИ: Само следете ги овие едноставни правила!

1 август, 2021
197261_197259-profimedia0289086576-edit_ls

Д -р Мајкл Мозли открива план за исхрана кој ќе ви помогне да изгубите од 5 до 10 килограми за три недели. Освен што брзо губите тежина, никогаш нема да чувствувате глад.

Исхраната, наречена Fast-800, стана вистински хит. За време на оваа диета, треба да внесувате 800 калории секој ден, но многу е важно да се грижите за видот на храната.

Лекарот за Daily Mail изјави: “Следете го планот и за три недели ќе забележите драстична разлика. Покрај ограничувањето на калории, треба да следите уште неколку правила. Видот на храната што ќе ја изберете е исклучително важен”.

Течности

Дали знаевте дека многумина од нас се во постојана состојба на дехидрација, целосно несвесни за здравствените ризици што ги носи? Ако не внесувате доволно вода во телото, ќе станете побавни, летаргични, а чувството на глад ќе се јавува почесто.

Доволен внес на течности ќе помогне да се задржи чувството на ситост подолго.

Масти

Досега, ни беше кажано дека ако сакаме да изгубиме тежина, треба да се држиме подалеку од маснотиите, а како одговор, прехранбената индустрија понуди низа диетална храна. Сепак, стапката на дебелина продолжува да расте. Факт е дека добрите масти не се непријатели на диетата. Богатите моно масти го потиснуваат апетитот, забавувајќи ја брзината со која стомакот се испразнува. За да се чувствувате сити подолго, изберете маслиново масло, ореви, мрсна риба и умерени количини млечни производи.

Влакна

Цревата ќе работат како часовник ако внесете доволно влакна. Покрај тоа што помагаат да се зачува работата на цревата, тие влијаат и на подобро расположение. Покрај тоа, влакната ослободуваат хемикалија наречена “PII” која го намалува апетитот. За да не бидете гладни, оброците нека бидат богати со свеж зеленчук, житарки од цели зрна и мешунки.

escort - Korsan taksi