До 2050-та година ќе исчезнат пушачите! Еве и на кој начин

14 јуни, 2021
f153241b4269f0b9934c3c0878398344eef43375

Бидејќи пушењето се повеќе се намалува поради даноците и различните регулативи, една корпорација тврди дека наскоро ќе исчезне.

Според аналитичарите, за 10-20 години нема да има значителен број пушачи на многу пазари.

Имено, се повеќе земји усвојуваат цели за трајно искоренување на пушењето, а компаниите им нудат на пушачите производи со намален ризик, како што се апарати за загревање наместо горење на тутун.

Citigroup Inc. исто така е на мислење дека цигарите би можеле да застарат, очекувајќи дека пушењето ќе исчезне до 2050 година од САД, делови од Европа, Австралија и одредени области на Латинска Америка доколку продолжи трендот на опаѓање од последните децении.

Пушењето опаѓа во последните пет децении поради притисокот од општеството, регулативата и оданочувањето, напиша аналитичарот на Сити, Адам Спилман.