Страдате од мигрена? Еве што може да ја ублажи

17 август, 20230
Glavobolja-na-poslu

Мигрената е честа појава.

А, оние кои „се справуваат“ со неа, знаат колку може да биде неподнослива.

И секако не знаете кога може да се појави повторно.

Во случај да Ве „фати“ на работа и не можете да одите дома, има неколку работи што би можеле да ги испробате за да си го олесните денот, да преживеете и да спречите ескалација на болката.

1. Реагирајте

Кога ќе почувствувате дека мигрената пристигнува, реагирајте веднаш, бидејќи колку побрзо ќе изреагирате, толку побрзо ќе престане. Земете аналгетик што е можно поскоро, а потоа одвојте неколку минути да прошетате, или малку да се одморите, пред да почне лекот да делува, пишува „Хафингтон пост“

2. Прилагодете се

Обидете се да се прилагодите на околината за да се опоравите што е можно поскоро. Ако е можно, пригушете ги светлата (како во канцеларијата, така и на екранот на компјутерот), исклучете го тонот на ѕвонење на вашиот мобилен телефон и затворете ја вратата од канцеларијата (ако можете) за да ја намалите иритацијата однадвор.

3. Поставете приоритети

Сè додека имате мигрена, вашата концентрација и продуктивноста веројатно ќе бидат значително намалени. Идентификувајте ги најважните дневни задачи и обидете се да договорите некој друг да ги направи или да го одложите рокот за друг ден. Заштедете енергија за работите што дефинитивно треба да ги направите, а потоа направете ги што е можно поскоро и колку што е можно подобро. И запомнете, ова не е моментот кога можете да очекувате совршени резултати.

4. Хидрирајте се

Дехидрирањето може да предизвика или засилена мигрена, затоа потрудете се да имате шише вода секогаш близу до вашата рака и пијте редовно. Дури и мали голтки во текот на денот значат многу.

5. Јадете

Ако неодамна сте го прескокнале оброкот, знајте дека гладот ​​може да предизвика активирање на мигрената и храната може да ја намали болката. Дури и ако гладот ​​не е неподнослив, малите, лесно сварливи оброци или закуски во текот на денот ќе го задржат вашето ниво на енергија и ќе ве спасат од слабост.

6. Заздравете

Откако ќе заврши мигрената, дајте си доволно време да се опоравите. „Мигрена мамурлак“ е последната фаза на мигрена и таа навистина постои (за што може да бидете болно свесни). Продолжена исцрпеност, слабост и главоболки е потребно време целосно да помине. Постепено вратете се на работа.

7. Спречете

Превенцијата е најсилниот и најефикасниот начин за елиминација на мигрена. Научете што ви се одговара најдобро од храната за да спречите мигрена и кои се можните предизвикувачи, а потоа изгответе план за тоа како да ги елиминирате сите потенцијални закани, така што шансата за доаѓање на мигрена да биде минимална уште од самиот почеток.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *