ДОЛГООЧЕКУВАНОТО РЕШЕНИЕ: Како конечно да се ослободиме од МРСНАТА КОСА?

8 декември, 2021
Screenshot_4

Сте се обиделе на разни начини да се ослободите од мрсна коса и сте потрошиле многу пари на бескорисни производи?

Веројатно цело време сте ги правеле истите грешки поради кои и вашата коса се мрсела. Не ви се потребни скапи производи за да го решите овој бјути проблем, само треба да направите мали промени во миењето на косата.

Славниот фризер Пол Виндл откри две грешки што девојките најчесто ги прават при миење на косата, а тоа е претерување со шампон и лошо плакнење. Токму овие две работи предизвикуваат побрзо да се мрси на косата.

Фризерот вели дека косата треба да се измие двапати со шампон, но со многу мали количини шампон, и секој пат темелно да се исплакне.

– Нечистотијата се отстранува од косата само со плакнење, а шампонот е само помошно средство. Затоа, секогаш внимавајте да ги измиете сите остатоци од шампон – советува фризерот.

escort - Korsan taksi