ДОМАШЕН ПИЛИНГ ЗА ЦЕЛУЛИТ: Решете се од кожата како портокал до лето, без исцрпувачки вежби!

21 мај, 2021
195813_shutterstock-483348649_ls (1)

Целулитот е прилично честа појава и ги погодува повеќето жени, а има малку среќници кои можат да се пофалат со совршен изглед на кожата.

Појавата на кожа како кора од портокал не зависи од нашата тежина, дури и екстремно слабите жени страдаат од неа. Целулитот обично се јавува поради акумулација на масти, протеини и токсини кои телото не ги елиминира и на крајот овие масти се складираат во телото и се појавуваат во форма на испакнатини кои често знаат да ја нарушат самодовербата.

Веќе ни е јасно дека целулитот не може да исчезне преку ноќ, но постојат одредени мелеми или во овој случај пилинг што може да помогне во распаѓање на кора од портокал. Главната состојка на оваа лушпа е кафето, за кое се верува дека е многу ефикасно во отстранувањето на овој естетски проблем. Ова е поткрепено со фактот дека скоро сите антицелулитни препарати содржат кафе или негова активна состојка, кофеин.

piling od kafe

За подготовка ќе ви требаат:

1 чаша мелено кафе
1 чаша кафеав шеќер
1 лажица маслиново масло
пилинг од кафе

Подготовка:

Сите состојки добро измешајте ги додека не добиете хомогена смеса и истурете во стаклена тегла. Чувајте го пилингот во фрижидер и користете го 2 пати неделно.

Метод на користење:

Нанесете пилинг во проблематичните региони со кружни движења и оставете го да делува околу 15 минути, а потоа исплакнете го со ладна вода.