Експерт дава објаснување: Може ли честата употреба на средства за дезинфекција на рацете да ја оштети кожата?

5 јануари, 2021
Screenshot_5

Може ли честата употреба на средства за дезинфекција на рацете да ја оштети кожата? Германскиот експерт Јоханес Кноблох, раководител на одделот за хигиена при Универзитетскиот медицински центар Хамбург, одговара негативно.

Тој тврди дека зголемената употреба на средства за дезинфекција на рацете од почетокот на пандемијата на коронавирусите е потполно безопасна и дека само во ретки случаи бактериите можат да станат поотпорни на средства за дезинфекција – не се имуни, посочува тој, само малку поотпорни.

„Но, ваквиот феномен не е забележан кај вирусите“, рече Кноблох.

Основната состојка кај повеќето средства за дезинфекција е алкохолот. „Нема докази дека ова на кој било начин создава отпорност на бактерии и вируси.

Покрај тоа, ова се производи кои биле дерматолошки тестирани, се исклучително добро толерирани и нема да предизвикаат реакција на кожата.

Околу 15.000 вработени во Универзитетскиот медицински центар во Хамбург ги користат дневно, медицински сестри до четириесет пати во смени.

„Исклучително ретко се случуваат некои нетолеранции или алергиски реакции, па дури и тогаш тоа се должи најмногу на ароматични или навлажнувачки адитиви“, вели германскиот експерт.

Хирурзите, објаснува Кноблох, ги дезинфицираат рацете три минути пред операцијата. „Тие буквално ја натопуваат кожата со алкохол и нема никакви последици.

Тој исто така забележува дека дезинфицирањето на рацете со алкохол е веројатно подобро за кожата отколку да се мие премногу често со сапун.

Германското дерматолошко друштво исто така советува дека е подобро да се користи средство за дезинфекција на кожата отколку сапун, по што би било идеално да се нанесува крем на рацете.

escort - Korsan taksi