Експертите предупредуваат на „пандемија“ на витамин Д

19 април, 2021
virus-grip-lekovi-prehlada-10

MADRID – Медицинската и стручна јавност предупредуваат на неселективно користење на витамински додатоци во услови на пандемија на корона вирусот.

За само неколку месеци, научниците се префрлија од предупредување за недостаток на витамин Д кај населението во предупредување за злоупотреба и неселективна употреба на додатоци кои се нудат за подобрување на имунитетот.

„Потребите за витамин Д може да варираат од личност до личност, така што нема единствено ниво на концентрација на 25-хидроксивитамин Д што го дефинира дефицитот и нема консензус за точното ниво на витамин Д што претставува оптимално здравје“, се вели во северноамериканската изјава на тим експерти.

Научниците од американскиот Национален институт за здравство предупредуваат дека преголемите концентрации на витамин Д во крвта се скоро секогаш последица на неговата прекумерна потрошувачка преку додатоци во исхраната и дека тие можат да предизвикаат откажување на бубрезите и аритмија, и на крајот смрт.

Конзумирањето на премногу хранливи материи, дури и оние неутрални како вода, може да има штетни последици, велат научниците.

escort - Korsan taksi