Есенска мода во боите на сонцето: Жолти нијанси за добра енергија

28 септември, 2021
1632741827847-shutterstock725849023-830x0

Жолтата боја е симбол на сонцето и доброто расположение, а во есенските денови ја враќа насмевката на лицето

Пристигна есента, а со неа и нов моден тренд. Со палетата на кафени нијанси, жолтата боја се враќа на голема врата преку парчиња облека и додатоци.

Сивилото на оваа сезона ќе го скршат деталите со сончева боја кои совршено се комбинираат со речиси сите други бои.

Облеката во жолти нијанси е одлична за попладневно излегување, а убаво „дозирана“ може да биде ефективен додаток на деловна комбинација.

Ви носиме четири идеални есенски комбинации збогатени со жолта боја, кои ќе ве направат привлечни и ќе ви го подобрат расположението.

1. Обична ролка со жолти широки панталони

Оваа комбинација е идеална за попладневно излегување, а со црвена чанта, како детал, ќе изгледа привлечно и интересно.

2. Спортска комбинација

Комбинезон со жолти детали со патики од иста боја е идеален за дами кои сакаат спортски стил на облека.

3. Есенско палто

Ова е интересен предлог за тинејџери за кои жолтите палта од вештачко крзно ја прават попривлечна комбинацијата од црни патики и гардероба во иста боја.

4. Атрактивна деловна комбинација

Црни класични панталони со капут со богат колорит, во кои доминира жолта нијанса, а се тоа надополнето со интересна чанта, е вистинскиот избор за деловна средба на која треба да оставите впечаток за паметење.

escort - Korsan taksi