Еве како можете да откриете дали повеќе ви прилега долга или кратка коса

1 септември, 2021
dreamstime-m-36937460_WjhVUD3

Ако размислувате да ја скратите косата, прво испробајте го овој трик за да откриете дали пократката коса ќе ви стои добро, откри Ејми Чанг и воодушеви многу жени кои ја следат на Инстаграм

Ејми Чанг, која себе си се нарекува сопруга, мајка и вљубеничка во убавината, покажа трик на Инстаграм како да откриете дали кратката или долга коса ви стои подобро.

Таа всушност го демонстрираше методот „Правило од 2,25“, осмислен од познатиот британски стилист Џон Фрида, основач на неговиот сопствен бренд производи за нега на коса, пренесува „goodymy.com“.

Тоа е едноставен трик кој открива која должина на коса е идеална за вас со оглед на димензиите на лицето. Се што ви треба е пенкало и линијар.

Еве како да го направите тоа:

Поставете го моливчето хоризонтално под брадата.

Потоа поставете го линијарот вертикално помеѓу увото и моливот под агол од 90 степени.

Измерете го растојанието од увото до моливчето.

Ако тоа растојание е помало од 5,7 сантиметри тогаш вие сте тип за кратка коса, односно повеќе ви одговара отколку долга.

Ако растојанието е повеќе од 5,7 сантиметри, слободно пуштете ја косата да расте.

Погледнете го видеото каде Ејми покажува како да го направите тоа:

– Ако размислувате да ја скратите косата, прво испробајте го овој трик за да откриете дали пократката коса ќе ви стои добро – рече таа и воодушеви многу жени кои ја следат на Инстаграм.

escort - Korsan taksi