Еве како времето што го поминуваме гледајќи во ЕКРАН влијае на нашето ЗДРАВЈЕ

28 јуни, 2021
Screenshot 2021-06-28 185322

Премногу долго гледање на екранот може да има негативни ефекти врз нашето физичко и ментално здравје. А, последиците можат да бидат замор на очите, заматен вид, болка во вратот и многу повеќе.

Како најзабележителна последица, научниците го издвојуваат нарушувањето на деноноќниот ритам на нашето тело.

Што значи тоа?

Екранот испушта различни бои, вклучувајќи сина светлина. „Апсорпцијата“ на овие зраци може да ја оштети способноста на нашето тело да ги регулира своите хормони.

Исклучително важен хормон, мелатонин, му кажува на нашето тело кога е време да се разбудиме, да се одмориме, да јадеме и да функционираме правилно. И кога сме изложени на постојана количина на оваа светлина од екранот, тоа има негативно влијание врз нашите природни циклуси, што дополнително доведува до несоница, особено ако користите телефон и компјутер пред спиење.

Обидете се екранот да не ви одзема премногу време во текот на денот и намалете го тоа време колку што е можно повеќе.

Размислете за купување очила што блокираат сино светло и вклучете го ноќниот режим на вашиот телефон, кој филтрира сина светлина од екранот.

escort - Korsan taksi