Фајзер прави нова вакцина против корона вирусот: Таа ќе се разликува од постојната само по една работа

21 мај, 2021
pfizer-biontech-fajzer-biotek-vakcina-koronavirus-8-830x0

Според најавите на извршниот директор, вакцината што се подготвува значително ќе го олесни процесот на вакцинирање

Компанијата „Фајзер“ работи на нова верзија на вакцината против вирусот, која ќе може полесно да се чува на повисоки температури, најави извршниот директор на компанијата, Алберт Бурла.

Еден од главните проблеми во врска со вакцината произведена од оваа компанија беше температурата на чување. Новата верзија на вакцината ќе може да се чува во класичен замрзнувач со месеци.

„Јас сум многу оптимистичен дека сме на добар пат да го постигнеме тоа“, вели Бурла.

– Вакцините сега се чуваат на -70 степени, но сега можат едноставно да се замрзнат повеќе од еден месец. Ова е значително подобрување што им обезбедува огромна флексибилност на здравствените работници.