Фантастичен трик: Еве како со помош на мајонез да направите лисјата на растенијата да блеснат како никогаш порано

20 јули, 2021
Screenshot 2021-07-20 202224

Овој трик ќе ви помогне да ги исчистите лисјата на растенијата од прашина и да го вратите нивниот прекрасен здрав сјај

Доколку сакате да имате убави, здрави растенија во вашиот дом, пробајте го овој трик со мајонез! Цвеќарниците го користат за да ја истакнат убавината на растенијата и сите нивни нијанси, а исто така ќе им помогне и на вашите домашни растенија.

Акумулацијата на прашина на растенијата не само што изгледа грдо, туку може да ги запуши и порите на растението и да спречи транспирација (процес на движење и испарување на водата низ растенијата). На растенијата треба лисјата да им бидат чисти за да можат да уживаат во сонцето!

Тука доаѓа време за мајонез. Особено е ефективно кај растенијата со широки, мазни лисја.

Ставете само малку мајонез на чиста крпа и избришете ги со неа лисјата на растенијата. Не само што ќе имате прекрасни сјајни лисја на растението, туку мајонезот ефикасно ќе се разгради и ќе ја отстрани насобраната прашина.