Французинките ја открија тајната на убавината: Направете си моќна маска за сјаен тен и лице без брчки

8 февруари, 2021
maska-za-lice-830x0

Основата на оваа маска, која прави чуда за убавина е традиционален француски пијалок.

Во светот на убавината, Французинките отсекогаш биле пример за сите жени. Една од нив, чии трикови за одржување на младоста и свежината и денес се популарни е Марија Антоанета.

Француската кралица користела домашна маска за нега на кожата на лицето, која три века подоцна, со мала адаптација, е исклучително популарна меѓу припадничките на понежниот пол. Маската можете да ја направите сами, од состојки кои се покажале како исклучително ефикасни – коњак, јајца, лимон и млеко во прав.

Коњакот, како и виното, се покажа како чудесен за нега на кожата. Но, подолг процес на дестилација во споредба со виното создава многу поголема концентрација на полифеноли против стареење кои ја стимулираат циркулацијата, ги стеснуваат порите и го осветлуваат тенот.

Јајцата се полни со протеини, го обновуваат ткивото на кожата и спречуваат формирање на брчки. Тие исто така ја оптимизираат влагата во клетките на кожата, го забавуваат предвременото стареење и ги отстрануваат бактериите што можат да предизвикаат акни.

Друга состојка во моќната маска што ја користела Марија Антоанета е лимонот, кој содржи лимонска киселина, го отстранува површинскиот слој на мртвите клетки на кожата и истовремено ја олеснува хиперпигментацијата. Исто така, помага во детоксикација на кожата и спречување на појава на акни.

Конечно, млекото ја чисти кожата до најдлабоките слоеви.

Како да направите маска

Состојки:

  • 2 лажички коњак (ракија, вотка)
  • 4 лажици млеко во прав
  • 1 белка од јајце
  • сок од 1 лимон

Ако имате мешалка, истурете ги сите состојки во неа и мешајте ги додека не добиете мазна смеса. Доколку немате мешалка, истурете ги сите состојки во стаклен сад и добро изматете ги со вилушка или жица.

Оставете мала количина од смесата настрана, а остатокот нанесете го на лицето и почекајте да се исуши маската – обично ќе трае околу 15 минути. Користете ја преостанатата количина на смесата за да ја отстраните маската од лицето, тријте со прстите во кружни движења – вака ќе го направите пилинг истовремено.

На крај, добро исплакнете го лицето со топла вода и оставете го лицето да се исуши природно. Потоа нанесете ја соодветната хидратантна крема.