Фразата „сите се исти“ сте ја слушнале безброј пати! Дали е тоа навистина така или е огромна заблуда?

6 март, 2021
svadja-u-krevetu-raskid-veza-ljubav-par-1536x1024

Најдобро можеме да оцениме некого на првиот состанок затоа што тогаш не сме емотивно поврзани со него

Ако чувствуваме дека не ни се допадне некоја личнос на првиот состанок или дека не ни е пријатно во негово друштво, не треба да го игнорираме тоа.

Ако, со текот на времето, имаме блиска емотивна врска, не смееме да дозволиме заљубеноста да ни го замагли умот и да ги избрише лошите црти или постапки што ги забележавме за време на излегувањето.

Луѓето често забораваат на себе, што е исто така голема грешка.

Кога се сакате и почитувате, тогаш нема да побарате од партнерот потврда за сопствената вредност.

Не заборавајте на личните интереси, желби и цели, за да ѝ се посветите повеќе на вашата сакана, затоа што како ќе се цените, така другите ќе се однесуваат кон вас.

Сите се исти! Колку пати сте го слушнале ова, но и го изговоривте? По лошо искуство во љубовта, не треба да се зазема таков став затоа што, навистина, не се сите исти.

Не треба да влегувате во нова емотивна врска со предрасуди, бидејќи во тој случај нема да можете да изградите однос на доверба со вашиот партнер.