ФРИЗЕРИТЕ ТВРДААТ ДЕКА ОВА Е ХИТ НА ЕСЕНТА Толку е едноставна, а ја прави вашата коса бујна и елегантна!

15 октомври, 2021
Screenshot 2021-10-15 184320

За визуелно подобрување, секогаш се користат прамени во неколку тонови

Фризерите користат различни техники за да создадат фризура што ја прави косата погуста, а една од нив е и степенастиот начин на шишање. За визуелно подобрување, секогаш се користат прамени во неколку тонови.

Густата коса е сон на многу жени. За жал, ова не е случај со многумина. Но, не треба да се откажувате од таа желба! Имено, со правилен начин на шишање и правилен начин на стилизирање, можете да постигнете волумен на вашата коса.

Оптичките трикови на косата стануваат се попопуларни, како и нијансирањето на косата за изгледа како да има поголем волумен отколку што всушност има.

Особено популарни се различни руси нијанси, од медена до златна, со нерамни краеви. Дури и многу краткиот боб има свои предности кај тенката и ретка коса, а клучниот чекор е правилната техника на шишање.

Рамката на лицето изгледа совршено врамена со прамени во руси тонови, додека темниот корен, исто така, остава впечаток на волумен на косата бидејќи контрастот е нагласен со руси врвови

.

Поновите трендови носат ‘wolf cut’, фризура од нагласени опашести прамени со различна должина, а овој стил на фризура најмногу го сакаат рокерите и љубителките на црни креации.