Генијален ТРИК што носи олеснување на плус 40: Како да се ОЛАДИТЕ за само 60 секунди!

4 август, 2021
profimedia-0468627327

Лекарите предупредуваат дека престојот на сонце треба да се избегнува во период од 10 до 17 часот.

Кога температурите на воздухот се тропски како во последните денови, мора целосно да се прилагодиме на нив. Лекарите предупредуваат да избегнуваме престој на сонце од 10 до 17 часот, да носиме соодветна облека, да јадеме полесна храна (се препорачуваат лути зачини за подобра циркулација) и да пиеме многу вода.

Исто така, се препорачува да не излегуваме ако не мора, но повеќето од нас сепак треба да одат на работа или имаат некои други итни обврски. Како да се оладиме, е совет злато вреден, и има бројни трикови кои ни помагаат во тоа.

Едно од најефикасните е ставање мраз или оладено шише на одредени точки на телото. Генијално решение што носи олеснување на плус 40. Точките каде што треба да ставите мраз или ладна вода се:

глуждовите

зад коленото

зглобовите

вратот

слепоочниците

местото каде се витка лактот

kolaps od vrućine

Зошто овие точки се клучни ако сакаме да се оладиме?

Вратот и зглобовите се области каде што можете да го почувствувате пулсот бидејќи вените се блиску до површината на кожата. Затоа кога ќе дојдат во контакт со нешто студено, температурата на телото опаѓа побрзо.

Која точка ќе ја изберете точно во одреден момент, зависи од вас. Ако вежбате, завиткување на влажна лента околу зглобот, лактот или вратот ќе ви помогне.

Ако се одмарате дома, а сеуште е неподносливо топло, можете да ставите коцки мраз во крпа и да ја стаите крпата на колена.