ГИ ОТСТРАНУВА АКНИТЕ И НЕЧИСТОТИИТЕ: Пилинг за лице кој можете да го направите сами дома!

10 септември, 2021
Screenshot 2021-09-10 201726

Универзална алатка која може да застане рамо до рамо со најдобрите производи за убавина

Кога ќе помислите на сода бикарбона, најверојатно прво помислувате на храна.

Или евентуално чистење.

Што е најважно, секогаш е при рака.

Тоа е повеќенаменски производ што го користиме не само во нашата рутина за убавина, туку и во секојдневниот живот, и бидејќи содржи антибактериски и антиинфламаторни својства, идеален е за чистење на кожата на лицето.

Имено, сода бикарбоната не само што ги отстранува мртвите клетки од кожата и бактериите, туку го спречува и нивното ширење.

Покрај тоа, нема да ја наруши вашата природна pH вредност на кожата, но може да биде премногу агресивна за луѓето со чувствителна кожа.

Сода бикарбона и вода

Домашен пилинг направен од сода бикарбона и вода помага да се засити кожата со кислород и спречува појава на рани брчки.

Овој пилинг помага да се омекне себумот, што го олеснува отстранувањето на нечистотијата и мртвите клетки од кожата.

Измешајте една лажица сода со една лажица вода и направете хомогена смеса, која потоа ќе ја нанесете на лицето со кружни движења.

После тоа, оставете ја маската со сода бикарбона на лицето околу 25 минути, а потоа исплакнете со млака вода.