Ги релаксира мускулите и го смирува телото: Дали сте слушнале за ЧАЈ ОД БАНАНА?

16 септември, 2021
179478d9403896aee44551902bc723795c9a56ff

Чајот од банана е идеален лек за несоница.

Речиси и да нема човек кој не го сака ова жолто, тропско овошје, кое ни е достапно во текот на целата година. Може да се јаде самостојно, или како состојка во многу колачи или торти.

Покрај тоа што бананите се широко користени во исхраната, може да влијаат и на здравјето. Благодарение на високиот процент на калиум, бананите го намалуваат крвниот притисок. Исто така, тие се богати со натриум, поради што се добар диуретик и помагаат во елиминирање на насобраниот вишок течност во телото.

Бананите го подобруваат расположението, а особено се добри после дијареа, бидејќи ги обновуваат изгубените минерали.

Сепак, ова моќно овошје има друга цел за која малку луѓе знаат.

Ако имате проблеми со несоница, и не можете да заспиете така лесно, чајот од банана ќе ви биде од голема помош. Наместо апчиња за спиење, направете го овој здрав пијалок кој ќе ги релаксира вашите мускули и ќе го смири вашето тело.

Рецепт за чај од банана

Од состојки за овој чај, ќе ви треба една банана, половина литар вода, малку цимет по вкус, а исто така можете да додадете и малку мед.

Подготовка:

Добро измијте ја бананата, но не ја лупете, само исечете ги краевите и ставете ја во врела вода да се вари десет минути. Кога бананата ќе се свари, извадете ја од водата и оставете ја водата да се излади.

Пијте го чајот еден час пред спиење.

escort - Korsan taksi