ГИ ТОПИ КИЛОГРАМИТЕ И ГО РЕГУЛИРА НИВОТО НА ХОЛЕСТЕРОЛ ВО КРВТА: „Цимет“ диетата е една од наједноставните, а го чува здравјето

16 април, 2021
image_2021-04-16_093513

Диетата со цимет е прилично едноставна и не бара подготовка на специјални оброци. Тоа вклучува консумирање пијалок со цимет двапати на ден. И токму затоа моментално е омилен низ целиот свет.

Главната основа на оваа диета е цимет. Покрај тоа што ви помага да го стартнете метаболизмот, циметот има и корисен ефект врз здравјето. Оваа диета може да го регулира нивото на шеќер во крвта, но и холестеролот.

Во диетата со цимет од вас не се бара да ги ограничувате оброците, туку да ја замените масната и храна богата со шеќер со поздрава. Единственото правило што треба да го следите е да пиете чаша јогурт со малку маснотии наутро, откако ќе се разбудите и навечер, пред да одите во кревет, на која ќе додадете една лажичка цимет.

Исто така, се препорачува да се воведе лесна физичка активност 2 пати неделно.

Пример мени:

Појадок: Чаша јогурт со цимет, цело јајце и 3 белки, парче тост и 3 лисја од пршута.

Ужина: неколку бадеми

Ручек: Пилешко, зеленчук и киноа

Ужина: Сезонско овошје или грчки јогурт

Вечера: Чаша јогурт со цимет, овесна каша и овошје.