ГО НАМАЛУВА ЦРВЕНИЛОТО, ЈА ЗАТЕГНУВА КОЖАTА, ГИ СТЕСНУВА ПОРИТЕ: Зошто (и како) треба да го пробате овој нов тренд!

16 март, 2021
229757_shutterstock-1668745096_ls

Викендот е време за мали ритуали и уживање во домашните третмани, сега и дополнително бидејќи нашите опции за што било друго се ограничени.

Зошто да не го извлечеме максимумот од тоа? Значи, вистинско време е да пробате skin-icing. Овој третман, кој ветува блескава кожа и од поодамна им е познат на инсајдерите, се најде во центарот на вниманието неодамна откако целосно ги освои Тик-Ток и Инстаграм (и не, ако се изврши правилно, не е една од работите што може да ви наштети како некои други ТикТок трендови ).

Заљубеници во skin-icing техниката се и девојки како Ирина Шајк и Карли Клос!

Што е skin-icing?

Тоа е криотераписки третман кој вклучува ладење на кожата со масирање на лицето со коцки мраз. Овој трик за убавина ја стимулира циркулацијата, ги стеснува порите, зацврстува, ја измазнува и тонира кожата и го намалува црвенилото на лицето за многу кратко време. Покрај тоа, сосема очекувано, ја намалува видливоста на темните кругови и брчките и и дава на кожата природен сјај.

Како се изведува?

Како и секој метод што дава резултати, skin-icing методот може да произведе несакани ефекти доколку се изведе неправилно, пред се затоа што мразот може да ја оштети кожата и да предизвика повреди слични на изгореници. Затоа е важно да знаете што правите, и ова се чекорите што треба да ги следите.

New Beauty Trend: "Skin Icing" | Mibelle Biochemistry

1. Направете свои коцки мраз

Бидете сигурни дека темелно сте го исчистиле калапот за мраз, а потоа додадете вода. За дополнителни придобивки, наместо мраз направен од чиста вода, пред замрзнување, додадете некои состојки во водата како лимон (помага при хиперпигментација, вишок на себум и мозолчиња), розова вода (смирува, хидрира, го контролира лачењето на маснотии) или краставица , а исто така можете да направите и коцки од зелен чај или камилица (тие ја смируваат кожата и воспалителните процеси и имаат anti-ageing ефект).

2. Изберете кога да го направите третманот

Доколку имате намера да го изведувате на целото лице, вклучете го skin-icing-от во утринската рутина. Ако сакате да третирате специфични делови на лицето поради акни, правете го третманот секоја втора вечер. И во двата случаи, претходно темелно исчистете го лицето.

3. Завиткајте го мразот во газа или мека крпа

Внимавајте мразот секогаш да биде малку стопен бидејќи коцките мраз директно од замрзнувачот можат сериозно да ја оштетат кожата. Ако не сакате да користите крпа, носете ракавици.

4. Нанесете го мразот на лице

И тоа со кружни движења ќе масирате на одреден регион на лицето околу 2 минути (по регион). Направете го ова на челото, образите, носот, брадата и виличната коска.

Сè на сè, третманот не треба да се изведува подолго од 15 минути, бидејќи во спротивно може да направи повеќе штета отколку корист. Ако во кое било време вашиот третман стане непријатен или болен, веднаш прекинете.

5. Нанесете производи за нега

Skin-icing третманот секогаш треба да заврши со производи за интензивна нега кои се во согласност со типот и состојбата на вашата кожа.

Друга варијација на темата третман на лице со мраз е потопување на лицето во мијалник или сад со ладна вода и мраз. Доколку се одлучите за оваа опција, задолжително прво исчистете го мијалникот или садот и исплакнете го уште подобро, а потоа наполнете го со вода и мраз, така што секогаш ќе има повеќе вода од мраз. Како што е случај и со коцките мраз, можете да додадете лимон, краставица, розова вода и слично.

Длабоко вдишете и потопете го лицето во ледената вода, а потоа држете го во водата 10 до 30 секунди. Повторете неколку пати со паузи од петнаесет секунди меѓу потопувањето.

Овој начин на skin-icing е многу интензивен и може да биде непријатен за некои луѓе. Освен таа привремена непријатност, овој вид третман не треба да предизвикува негативни последици, но не треба да се прави повеќе од 15 минути.