ГО ЗАЈАКНУВА ИМУНИТЕТОТ И ГИ ТОПИ КИЛОГРАМИТЕ: Медена диета која трае само 3 ДЕНА

7 септември, 2021
ddf747e882915637b336f775b599260c7f3dd381

Ако сакате брзо да изгубите неколку килограми, тајната е во медот.

Медот одамна се смета за еден од најздравите природни производи за телото. Покрај тоа што е исклучително здрав, медот може да се користи и во нега на кожа и коса, но и за витка линија.

Ако сакате слатки и не можете без шеќер, тогаш диетата со мед е идеална за вас бидејќи секогаш ќе имате нешто слатко во вашите оброци.

За време на оваа тридневна диета можете да изгубите два до три килограми.

Прв ден

За појадок, измешајте 2 цели жолчки со лажичка мед и испијте чај со лимон или кафе (без шеќер) со оброкот.

За ручек земете 100 грама сирење, 50 грама варени моркови, 50 грама варена брокула и 50 гр варен карфиол и измешајте се во блендер и направете каша. Можете да пиете чај или кафе со лажичка мед со ручекот.

За вечера, изедете чаша бистра супа од зеленчук, парче интегрален леб и едно овошје по ваш избор – јаболко, круша или портокал.

Бидете сигурни да испиете чај со лимон пред спиење.

Втор ден

Појадокот нека ви биде ист како и првиот ден.

За ручек, направете крем од едно меко варено јајце, една лажица мед и 100 гр младо сирење. Пијте чај со лимон или кафе со оброкот.

За вечера, подгответе 150 грама риба или пилешко филе, мала чинија сезонска салата од зеленчук и чај со лимон.

Трет ден

Појадокот е ист како и првиот и вториот ден, со тоа што ќе додадете едно јаболко.

За ручек, изедете 50 грама сирење, парче ржан леб и чинија свеж зеленчук со сок од лимон.

За вечера подгответе 300 грама варен зеленчук по желба, едно меко варено јајце и шолја чај со една лажица мед.

escort - Korsan taksi