ГОТВАЧКА ОТКРИ! Ако му го направите ова на ТАВЧЕТО, можете веднаш да го ФРЛИТЕ ВО ЃУБРЕ – Не ја правете оваа ГРЕШКА!

28 јуни, 2021
452180_tiganj-2_f

Со оваа безопасна грешка, ќе уништите дури и тава од леано железо – не е проблем миењето, туку она што следи после тоа!

Тавите за пржење се нешто што сите го имаме дома и го користиме секој ден, а оние ос леано железо се меѓу најтрајните. Ако се однесувате правилно, буквално и вашите внуци ќе можат да ги користат!

Рејчел Неринс е професионална готвачка и автор на книгата „Готвење на тави од леано железо“, а ова се нејзините совети за одржување на тава направена од овој материјал.

Тавата од леано железо мора да се одржува така што секогаш ќе има тенок слој масло, што спречува основниот слој на железо да започне да ‘рѓосува. Многу луѓе се „плашат“ од ваквите тави затоа што сметаат дека одржувањето е тешко, но грешат, вели Рејчел.

“Ние сè уште зборуваме за садови, а не за нешто комплицирано. Измијте ги, исушете ги и ставете ги таму каде што обично стојат”, рече таа.

По употребата, веднаш извадете го остатокот храна од тавата. Оставете ја малку да се олади и префрлете ја во мијалникот. Полијте ја со топла вода и користете сунѓер за да отстраните остатоци од храна, доколку ги има.

„Можете исто така да користите малку детергент, или малку груба сол, но не и абразивни сунѓери или жични сунѓери“, предупреди таа.

Добро исплакнете ја тавата, па веднаш избришете ја или ставете ја во рерна на ниска температура да се исуши. Никогаш не оставајте тава од леано железо сама да се исуши бидејќи тоа ќе предизвика ‘рѓа. Кога е сува, избришете ја тавата со крпа натопена во масло, а потоа отстранете го вишокот. Ако ја „мазите и пазите“ тавата, можете да го прескокнете овој чекор.

„Луѓето мислат дека тавата треба постојано да се подмачкува, но ако ја користите често и секогаш ставате масло на неа, таа веќе го има потребниот слој маснотии“, рече таа

escort - Korsan taksi