Gucci продава патики за само 900 денари: Достапни се за сите, но има еден услов

20 март, 2021
gucci-patike-1-830x0

Патиките Gucci обично чинат околу 26.000 денари, но сепак, оваа недела луксузната модна куќа продава сомнително ефтин пар за само 900 денари.

Што е всушност уловот?

Во соработка со белоруската технолошка компанија Wanna, Gucci продава дигитални патики. Иако се навистина ефтини, никогаш нема да можете да ги чувате или облекувате.

Ќе платите за овие патики Gucci само на апликацијата, што потоа ќе ви овозможи да користите филтер што ќе направи да изгледате како да ги носите.

Значи, ако сакате да се фотографирате во нив за социјални мрежи, можете. Но, во физичка форма никогаш нема да ги добиете, бидејќи тие всушност постојат само во виртуелниот свет.