И кај вас има инвазија на мравки? Пробајте го овој трик и решете се од нив без напор

7 јули, 2021
Screenshot 2021-07-07 124853

Освен на терасите, летните куќи, тие се чест гости и во нашите кујни, во што се има уверено секоја домаќинка што остава овошје или слатки на отворено барем еднаш во текот на ноќта

Иако има многу позитивни работи во врска со летните денови, топлото време е идеално за размножување на разни инсекти, вклучително и мравките.

Не е ни чудо што градините и куќите се често полни со овие досадни инсекти. За среќа, постои лесен начин да се ослободите од нив, потребни ви се само две состојки – мед и боракс.

Мешавината на овие два производи привлекува мравки и ги спречува да влезат во куќата. Откако ќе ја направите оваа мешавина, истурете ја на чинија и оставете ја надвор од вашата куќа, со цел целосно да спречите влегување на мравките.

По само неколку минути чинијата ќе биде полна со мравки. Медот е всушност оној кој привлекува мравки, со својата сладост, додека бораксот, кој инаку има ниско ниво на токсичност за луѓето и животните, е опасен за мравките.

Мравките постепено ќе исчезнат и повеќе нема да мора да се вознемирувате кога ќе ги видите како одат на работната површина, намирниците или подот.