ИМАТЕ ГРЕБАНИЦИ НА СТАКЛАТА ОД ОЧИЛАТА? Еве како да ги средите – НЕВЕРОЈАТЕН ТРИК, ќе бидат како НОВИ!

5 август, 2021
376057_glasses-1246611-1920_f

Дали ви се изгребани очилата? За промена на очила или стакла поради мали гребнатини се потребни многу пари, но има многу поевтино решение за овој проблем.

Во продолжение прочитајте како да најдете најлесен начин за да го решите овој проблем.

Кај гребнатини на очилата, прво е неопходно да се прибегне кон полирање на стаклата. Меѓутоа, за полирање мора да се користи специјална абразивна паста, која обично се користи за поправка на гребнатини на автомобили.

Се што ви треба за да го примените овој метод за поправка на стаклата е мала памучна крпа, паста за отстранување на гребнатини и машинско масло.

Ставете го изгребаното стакло на хоризонтална, сува површина. После тоа, нанесете малку моторно масло на оштетувањето, а потоа нанесете малку паста на парче ткаенина. Лесно полирајте го стаклото со ткаенината.

Доколку е потребно, додадете малку повеќе масло или малку повеќе паста и лесно полирајте ја штетата. Овој процес може да потрае и до еден час. Треба да бидете трпеливи и да не брзате. Полирајте го стаклото со лесни движења.